Двајца повредени откако се запали трактор со сено во кумановско

Сподели со своите пријатели

Две лица се повредени, од кои едно потешко, откако се запалил трактор со сен во движење, по што пожарот се проширил и на нива во близина на патот.

– На 25.06.2026 во 17:00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на место викано „Пчински пат“ во Куманово бил опожарен трактор, при што има повредени лица, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, увид на местото извршила екипа на СВР Куманово, при што било утврдено дека пожарот настанал во приколка натоварена со сено, прикачена на трактор кој бил во движење, при што приколката целосно изгорела, а пожарот се проширил на дел од нива во близина на патот засадена со житна култура, сопственост на Б.Д.(72) од Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Засега нема да се затвораат училишта во Куманово, процесот на оптимизација е во тек (ВИДЕО)

– Во пожарот со лесни телесни повреди се здобил С.Ј.(46), констатирани во Општа болница во Куманово, а неговиот татко Т.Н.(69) се здобил со тешки телесни повреди и бил препратен за понатамошно лекување во Центар за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје, стои во соопштението.

Според центарот за управување со кризи, пожарот бил изгаснат од страна на петмина пожарникари и две возила на Територијалната противпожарна единица Куманово.

Никола Ивановски