Фудбалерот на Лестер, Ријад Марез рекол дека би можел да ги напушти редовите на англискиот првак, но само во случај да пристигне понуда од трите најсилни клубови во светот.
За Алжиерцот голема желба има покажано Аресанл, но лондонскиот тим не е во рангот на мадридскиот Реал и барселона, кои претходно беа доведувани во врска со Марез и се сметаат за врв на фудбалот.
Кога сте Бразилец сето внимание е усмерено кон вас, доаѓаат и мадридски Реал и пред да дознаат за нив. За нас од малите фудбалски средини тоа е многу тешко и мораме многу повеќе да работиме. играм во Премиер лигата, која е врвна и сакам што повеќе да останам овде. Сепак, постојат три клуба во светот чија понуда би ме натерала да размислам добро за заминување – рекол Марез за „Франс фудбал“.
За останување на гирачот кој минатата сезона запиша 17 голови и 11 асистенции и беше еден од најзаслужнтие за титулата во Премиер лигата, инсистира и менаџерот Клаудио Ранијери, но лошиот почеток на сезоната би можел да го натера Марез да замине во поголем тим.
Крилниот фудбалер има потпишано договор до 2019 година, а цената на Марез се движи од 35 до 40 милиони евра.
Loading...