Републиканците кои го контролираат Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го номинираа Стив Скалис за нов спикер, по минатонеделната смена на Кевин Мекарти.
Скалис беше избран над претседателот на Комитетот за правосудство Џим Џордан на тајно гласање зад затворени врати – 113 гласаа за Скалис и 99 за Џордан, јавува Гласот на Америка.
Во него се наведува дека Скалис ја добил поддршката од искусни републикански конгресмени кои припаѓаат на партискиот естаблишмент.
Тој мора да ја добие мнозинската поддршка од Претставничкиот дом, кој републиканците го контролираат со тесно мнозинство.
„Работиме напорно за да постигнеме единство. Мораме да се обединиме затоа што светот не чека. Очигледно, ни претстои уште работа“, им рече Скализ на новинарите во Конгресот.
Тој најави дека неговиот прв чекор како претседавач ќе биде да закаже гласање за резолуција со која јасно ќе се стави до знаење дека САД стојат со Израел во неговата војна со екстремистите од Хамас во Газа.
Минатата недела Претставничкиот дом гласаше за смена на Мекарти, што е првпат во историјата Конгресот да гласа за смена на спикер, со 216 гласа „за“ и 210 „за“.
Според американскиот Устав, претседателот на Претставничкиот дом е втор по претседателската функција по американскиот потпретседател, ги поставува законодавните приоритети на Долниот дом на Конгресот, ги контролира задачите на комитетите и може да ја прекине или да влијае на агендата на Белата куќа.