Разрешена заменичката на украинскиот министер за одбрана

Сподели со своите пријатели

Украинската заменичка министерка за одбрана Хана Маљар е разрешена од функцијата, заедно со уште пет други функционери, потврди украинската влада.

Loading...

Маљар беше истакната личност за време на инвазијата на Украина, објавувајќи дневни ажурирања за напредокот на земјата на линијата на фронтот.

Заедно со неа беа сменети уште пет функционери кои засега не се именувани, но се чини дека станува збор за други заменици министри, пишува Sky News.

Владата не ја наведе причината за нивното разрешување.

Овој потег доаѓа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски го именуваше Рустем Умеров за нов министер за одбрана претходно овој месец.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.