Расте бројот на жртви: 13 мртви во пукање во училиштето во Русија

Сподели со своите пријатели

Во пукање во училиште во рускиот град Ижевск, најмалку 13 лица загинаа, меѓу кои седум деца, а околу 20 лица се повредени, соопшти Рускиот истражен комитет.

Loading...

Според претходните прелиминарни извештаи, загинале девет лица, меѓу кои двајца работници од обезбедувањето, двајца учители и пет деца, а има околу 20 ранети, изјавија истражителите за Тасс, пренесува Танјуг.

Напаѓачот, кој носел нацистички ознаки, се самоубил.

Жртви меѓу децата

Претходно локалниот функционер Александар Бречалов објави дека меѓу жртвите во пукањето во училиштето во Ижевск има и деца.

Тој изјави дека непознато лице влегол во училиштето и го убил чуварот, а меѓу учениците има мртви и ранети.

Училиштето го посетуваат 982 ученици, а работат 80 наставници.

Непознат напаѓач отворил оган во училиштето број 88 во Ижевск, административниот центар на Република Удмуртија.