Путин се сретна со поранешниот командант на Вагнер

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со поранешниот командант на „Вагнер“ Андреј Трошев, со кого разговарал како доброволните единици би можеле да се борат во Украина, соопшти Кремљ.

Loading...

Путин изјави дека разговарале „како доброволните единици можат да извршуваат различни борбени задачи, пред сè, во зоната на специјални воени операции“, пренесе Ројтерс.

„Самите се боревте во таква формација. Знаете што е тоа, како се прави, знаете за прашањата што треба однапред да се решат за се да функционира на најдобар и најуспешен начин“, рекол Путин, додавајќи дека со Трошев разговарал и за социјалното осигурување и помош за оние кои учествувале во борбите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакерска група објави податоци за повеќе од 3.200 странски платеници

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, по средбата објави дека Трошев сега работи за руското Министерство за одбрана.

На средбата присуствуваше и заменик министерот за одбрана Јунус Бек Јевкуров.