Според првиот попис во Ирак по речиси 40 години, земјата има 46,1 милиони жители, објави Ројтерс.
Ирачките власти го нарекоа бројот на населението пресвртница и рекоа дека тоа ќе обезбеди основни податоци за идно планирање и распределба на ресурсите, пренесува АП.
Како што е наведено, пописот дава детален увид во економските, образовните и условите за домување, пред се за федерален Ирак како целина, а особено за полуавтономниот курдски регион на северот на земјата.
Говорејќи на прес-конференцијата на која беа објавени резултатите, ирачкиот министер за просторно планирање Мохамед Тамим рече дека пописот „ја покажува решеноста на владата“ да ги подобри условите во земјата.
Тој рече дека податоците ќе помогнат во поправедна распределба на ресурсите низ провинциите.
„За прв пат по четири децении, Ирак успешно спроведе целосен попис, помагајќи да се обезбеди поправедна распределба на ресурсите“, рече Тамим.
Според резултатите од пописот, околу 70 отсто од населението живее во урбаните области на федерален Ирак, додека 84 отсто од Курдите во Ирак живеат во урбаните области.
Околу 93 отсто од децата во курдските области се запишани во основни училишта, во споредба со 88 отсто во федерален Ирак.