Проруските сепаратистички сили во регионот на Доњецк негираа дека користеле хемиско оружје во јужниот пристанишен град Мариупол, објави руската новинска агенција Интерфакс.
Loading...
Едуард Башурин, командант на сепаратистите, изјави за Интерфакс дека хемиски агенси не биле користени и покрај тврдењата од Украина дека руските сили извршиле хемиски напад.
Украина: Русите можеби користеле фосфорна муниција во Мариупол
Заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Маљар претходно изјави дека Киев ги проверува непроверените информации дека Русија можеби користела хемиско оружје во нападот на Мариупол.
„Постои теорија дека тоа би можело да биде муниција од фосфор“, рече Маљар во телевизиско интервју.