Путин оди на своето прво патување од почетокот на војната: Со Лукашенко

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин и белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска на Денот на космонаутиката ќе го посетат космодромот Восточни во областа Амур во Русија.

Loading...

Предвидена е билатерална средба на лидерите, по што тој ќе се обрати пред новинарите, а ова е прво регионално патување на рускиот претседател годинава, пренесува ТАС С.

 

ОН: Загинати најмалку 142 деца во Украина

 

Според прес-службата на Кремљ, Путин ќе им додели државни награди на космонаутите и заедно со Лукашенко ќе се сретне со работниците на космодромот.

Потоа, лидерите ќе разговараат за билатералните односи и за подобрување на интеграциската соработка во рамките на Унијата на држави, наведува руската агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Фон дер Лајен и Борељ ќе се сретнат со Зеленски

Во Русија, 12 април се одбележува како Ден на космонаутиката, во спомен на првиот лет со човечки екипаж во вселената, кој во 1961 година го изврши советскиот космонаут Јуриј Гагарин.

Loading...