Седумдесет и едногодишен кумановец бил приведен откако полицијата констатирала дека возел со 2,37 промили алкохол во крвта.
– На 12.09.2026 година во 01:40 часот на улицата „Моша Пијаде“ во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Љ.Т. ( 71) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај бил сопрен моторцикл со кумановски регистарски ознаки при што било утврдено дека го управува под дејство на алкохол односно му биле измерени 2,37 алкохол во крвта.
– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.
Никола Ивановски

