Претставници на Општина Куманово го посетија семејството Велковски (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

По трогателната сторија на емисијата „Срце на дланка“ за семејството на Бране Велковски од Куманово, претставници на општината го посетија нивниот дом.

Loading...

 

 

Раководителот на Секторот за социјални работи при Општина Куманово, Александар Крстевски, го посети семејството Велковски за кое беше објавена сторија во една од емисиите, каде се бара помош од сограѓаните.

 

 

Loading...

Крстевски со своите колеги го посети домот на семејството и однесе пакет со храна и хигиенски средства, но и согледуваа начини како општината може да им излезе пресрет.

– Денеска сме во посета на семејството Велковски. Донесовме пакет помош и целиот тим да ги разгледа расположливите опции, како на друг начин да им се помогне. Подготвени сме и да исплатиме еднократна парична помош согласно нашите надлежности, но тоа засега не е изводливо со оглед дека сме во предизборен период во кој такво нешто би се сметало за поткуп, па така ќе мора да почекаме да заврши целиот изборен процес за да тоа може да се реализира, изјави Крстевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

 

 

Како што додава тој, семејството Велковски е меѓу примателите на субвенции за комунални трошоци во изминатите две години.

– Ние ќе направиме се што можеме за да и на ова, како и на други семејства кои побарале помош, им излеземе пресрет. Во овој момент се корисници на мерката за субвенционирани комунални трошоци, а тимот од секторот ќе направи анализа дали може да аплицираат и за некои од другите постоечки мерки кои нашиот сектор ги има за помош на ранливи категории граѓани, додава тој.

 

Loading...

 

Бране Велковски, инаку има 90 отсто слепило кое го спречува да најде соодветна работа со која би го издржувал своето семејство. Неговата сопруга, инаку српска државјанка, исто така има здравествени проблеми, но и немала македонско државјанство што ја спречува да најде работа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

Претходно живееле во стан кој Бране го наследил од својот татко, но поради честите долгови кон ЕВН, често останувале и без електрична енергија. Морал да се задолжува за да го издржува семејството, што пак го принудило да го продаде станот и да купи стара куќа во која сега живее со своите две деца.

На семејството може да му помогнат и граѓаните со донации на жиро сметката на име Бране Велковски: 200002002232088.

 

Никола Ивановски

Loading...