Два пожари вчера биле активни на територијата на Општина Старо Нагоричане, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во селото Руѓинце горела сува трева, при што интервенирале тројца пожарникари со две противпожарни возила во период од 20:27 до 21:15 часот.

Втората интервенција била во селото Облавце, каде што изгореле 30 хектари сува трева и нискостеблеста шума.

– Подметан пожар, запалена сува трева и ниска стеблеста шума. Интервенирано од 21:19 до 00:30 со 3 возила и 6 пожарникари, на гасењето на пожаророт помагаа и мештаните, информираат од РЦУК.

Во Куманово пак, била запалена сува трева во населбата Перо Чичо каде што интервенирале тројца пожарникари од 07:45 до 08:15 часот.



Никола Ивановски

