Женскиот ракометен клуб Куманово годинава за прв пат ќе настапи на ЕХФ Купот, како вицешапмион во минатогодишниот домашен шампионат.
Точниот противник засега не е познат, но објавен е списокот со можните противници за кумановки, а на него има силни екипи кои се звучни на меѓународната ракометна сцена.
Кумановки ќе стартуваат о дпрвото коло, а како евентуални противници можат да ги добијат: Крајова (Романија), Астраханочка (Русија), Безансон (Франција), Баер (Германија), Бјасен (Норвешка), Гомел (Белорусија), Славија Прага (Чешка), Бера Бера (Шпанија), Заглебје (Полска), Брул (Швајцарија), Муратпаша (Турција), Скуру (Шведска), Михаловце (Словачка), Азгерсдорф (Австрија), Азерјол (Азербејџан) и Квинтус (Холандија).
Ова ќе биде ново искуство за тимот на Куманово, кој претходно имаше настапувано само во Челинџ Купот. За таа цел управата го обезбеди најдобриот тренер, односно селекторот на женската репрезентација на Македонија Симе Симовски.
Засега останува непознато со кои имиња ќе се засили клубот, но голем дел од ростерот од минатогодишната сезона ќе остане да се бори за нови победи.