Селекторот на репрезентацијата ќе го предводи ЖРК Куманово

Сподели со своите пријатели

Селекторот на Женската репрезентација на Македонија, Симе Симовски и официјално е нов тренер на вицепрвакот и освојувач на купот ЖРК Куманово.

Loading...

Станува збор за тренер кој зад себе има долгогодишно искуство. Доаѓа од клупата на Вардар каде беше во последната сезона, а работеше и со Пролет и Металург.

Вицепрвакот Куманово претходната сезона промени неколку тренери, а до освојување на Купот на Македонија ги предводеше Ненад Краљевски со кој нема да биде обновена соработката.

Оваа година ракометарките на Куманово освен во домашниот шампионат, повторно ќе се натрепваруваат и на меѓународна сцена во рамките на ЕХФ Купот, за што во план се дополнителни засилувања на ростерот.

Leave a Reply