Пожар на танкер покрај брегот на Оман, екипажот евакуиран

Сподели со своите пријатели

Танкерот се запалил во машинската просторија на околу 21 наутички милји североисточно од оманскиот град Сохар, соопшти британската Агенција за поморски трговски операции (UKMTO), повикувајќи се на локалните власти.

Според UKMTO, нема пријавени последици за животната средина, објави Ројтерс.

Иранските власти, како што објави агенцијата Мехр, тврдат дека товарен брод во Оманскиот Залив бил погоден од ракета од американско потекло.

Исто така, беше објавено дека пет члена на екипажот биле евакуирани и префрлени во Оман со помош на бродови што минувале.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди Индонезија