Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, во западните делови променливо облачно, попладне со услови за краткотраен локален дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен до засилен западен и југозападен ветер. Минималните температури ќе се движат од 9 до 15, а максималните ќе бидат во интервал од 20 до 29 степени целзиусови.
Во Куманово и околината ќе имаме претежно сончево време со максимална температура од 23 степени целзиусови и после неколку дена без услови за врнежи од дожд.
Во наредните денови во попладневните часови ќе има локален краткотраен дожд со ретки грмежи. До недела ќе дува умерен, повремено засилен ветер, претежно од југозападен правец, кој повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините,особено во западните делови.