Поради забраната за излегување, Италијанците играат и пеат на балконите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Поради забраната за одење во барови и кафулиња за да се спречи ширењето на коронавирусот, Италијанците започнаа да пеат и играат на нивните балкони и прозорци, снимајќи и објавувајќи ги своите уметнички вештини на социјалните мрежи.

Loading...

Една видео снимка имала 600.000 прегледи, а на снимката од околу 20 секунди се слушале гласовите на жителите на градот како ја пееле традиционалната песна „Canto della Verbena“ со извици на „Виве Сиене!“ (Vive Sienne).

PornHub поради карантинот ги награди Италијанците

Пејачот Андреа Санино на Инстаграм понуди компилација на песни, од кои едната е неговата песна „Abbracciame“ (Бакни ме), која некој ја прее на прозорец.

Во еден клип од Торино, можете да ги видите жителите на градот како играат на песната „Макарена“, која беше популарна во 90-тите.

Многу италијански уметници ветуваа виртуелни концерти, додека некои културни институции, како музеи, нудеа изложба на интернет.

Leave a Reply