Ана Зигенхорн од Флорида во 2011 година од непознати причини почнала да ја покачува тежината, а нејзиниот живот набргу се претворил во пекол.
Лекарите не биле во можност да ја откријат причината за болеста се додека не го отвориле нејзиниот граден кош и таму затекнале мувла.
Зигенхорн, инаку здрава мајка на две деца, откако започнала ад добива на тежина, започнала да гог уби видот, да чувствува болка и да добива рани по целото тело. Осум месеци не можела да зборува, а наместо тоа пишувала пишувала на табла и испраќала пораки.
Постите кај лекарите се нижеле, но ниту еден ескперт не можел да установи која е причината за нејзината болест.Лапус, артритис и проблеми со тироидната жлезда набргу станале опасни и се чинело дека нема решение, се додека лекарката Сузан Колб, авторка на книгата „The Naked Truth About Breast Implants“, не укажала на тоа дека здравствената состојба на пациентакта би можела да ја нарушува мувлата околу силиконските импалнти.
Откако импантите биле отстранети, симптомите започнале да се повлекуваат.
Зигерхорн и денес чува видео снимка на својот мобилен телефон на која е прикажано што се наоѓало во нејзиното тело. Таа верува дека содржината на имплантите во која имало мувла, со години се излевале во нејзиното тело.
Ова не е единствен случај од такво тип – Пола Блејд од Кентаки тврди дека доживеала слично сценарио. И додека портпаролот на Американската управа за храна и лекови наведува дека до сега немало слични жалви во врска со имплантите, истакнува дека од време на време сепак тие треба да се променат.
Лекарката Колб, од друга страна, тврди дека до сега излечила илјадници пациентки кои боледувале од ист тип на волест и препорачува имплантите да ги менуваат на секои осум до 15 години.