Не можела ниту да прептпостави дека меѓу предметите ќе пронајде два многу вредни автомобили.
Имено, една студентка од САД на Редит објавила дека во гаражата на својата баба пронашла бел „Lamborghini Countach“ и „Ferrari 308“, чија вредност се проценува на половина милион евра.
Овие вредни автомобили стоеле околу 20 години во гаража прекриени со чаршафи, со платно, стара облека и бројни други работи.
Кога си купиш скапо Ламбурџини, но си премногу дебел да излезеш од него (ВИДЕО)
Loading...
Како што објаснила, нејзиниот дедо некогаш изнајмувал скапоцени автомобили, но со тоа престанал да се занимава затоа што трошоците за осигурување му биле прескапи.
– Автомобилите ги задржал наместо да ги продаде, не прашувајте ме зошто. Јас само сум студент и не се разбирам баш во автомобили, но се надевам дека некој во семејството ќе ги наследи и дека ќе им го врати стариот сјај, напишала среќничката.
Оние кои и помалку се разбираат, велат дека најверојатно е во прашање редок модел на „Ламбурџини“ кој во осумдесеттите години бил произведен во лимитирана серија, односно дека се направени само 321 парче од овој модел. Неговата вредност се проценува на околу 350.000 фунти.
Што се однесува до „Ферарито“, девојката наведува дека тркалата се украдени, но дека вредноста по рестарвацијата би можела да достигне околу 80.000 фунти.
Оваа студентка нагласила дека нејзината баба и онака планирала автомобилите наскоро да ги отстрани од гаражата, поради што се надева дека ќе го прифатат предлогот возилата да се обноват и продадат.
Guy discovers $500k #Lamborghini Countach 500S hidden in grandmas garage 😍😍 https://t.co/P37B68mxJe pic.twitter.com/Op0ShhNokR
— Car Waffle (@CarWaffle) August 17, 2018