Стефан Петковски, портпарол на локалниот огранок на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија од Куманово денеска ги повика граѓаните да му дадат поддршка на нивниот кандидат за претседател Максим Димитриевски.
Како што рече Петковски, од денеска започна собирањето потписи за кандидатите за претседател, а граѓаните можат да се потпишат во канцеларијата на ДИК.
– Ние како движење имаме обврска да собереме минимум 10 илјади потписи на ниво на државата. Собирањето на потписите започнува денес, 23.02.2024 година во просториите на Државна изборна комисија, на локација спроти градската џамија и ќе трае заклучно со 8ми март, рече Петковски на прес конференцијата.
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, вели Петковски, е новиот браник на Македонија и „заедно со своите приврзаници ќе се бори за посветла иднина на нашата земја“.
– Нашиот кандидат за претседател, г-ин Максим Димитриевски е вистинската личност која достоинствено ќе го застапува нашето движење на изборите, но најважно од се е дека достоинствено ќе ја брани уставноста на Македонија од позиција на претседател на државата. Ве очекуваме сите заеднички да го започнеме процесот на градење на новата светла иднина на нашата татковина, рече портпаролот Петковски.
Никола Ивановски