Песков: Руско-американските преговори нема да влијаат на соработката на Москва – Техеран

Сподели со своите пријатели

Преговорите меѓу Русија и САД нема да влијаат на понатамошната соработка меѓу Москва и Техеран, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

Одговарајќи на прашање на новинар од иранската новинска агенција ИРНА за ставот на Кремљ доколку американскиот претседател Доналд Трамп побара Русија да престане да соработува со Иран, Песков нагласи дека двете прашања не се поврзани, пренесува ТАСС.

„Процесот на интеракција меѓу Москва и Техеран на ниту еден начин не е поврзан со руско-американските односи“, рече Песков.

Американските и руските претставници денеска ќе се сретнат во Саудиска Арабија на разговори за Украина и руско-американските односи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сирените за воздушен напад се огласуваат низ Украина, проектили се упатуваат кон Киев