Патријархот на Руската православна црква Кирил порача дека христијаните не треба да се плашат од крајот на светот, дури и во контекст на нуклеарното оружје, пренесоа руските медиуми, повикувајќи се на изјавата на Кирил на пленарната седница на XXVI Светско руско народно собрание.
– Нуклеарното оружје не треба да предизвикува страв, бидејќи христијаните не се плашат од крајот на светот. Го чекаме Господ Исус, кој ќе дојде во голема слава, ќе го уништи злото и ќе им суди на сите народи – рече патријархот.
Тој додаде дека ескалацијата на стравот околу можните апокалиптични сценарија, прекумерната тревога и шпекулациите за нуклеарното прашање не се корисни од духовна гледна точка.
Непријателот на човештвото се обидува да сее вознемиреност во срцата на луѓето, затоа што со човек кој е лишен од духовен мир е полесно да се манипулира. Не треба да играме – рече тој.
Претходно во ноември, патријархот Кирил од Руската православна црква предложи потенцијално враќање на смртната казна во Русија, наведувајќи дека ниту црквата ниту Исус Христос конкретно не ја осудиле.