Педесет и две минути по полноќ во Транзитниот камп на Табановце, шест странски државјани се пожалиле дека во теокт на денот биле нападнати во селото Лојане, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според нивното тврдење вчера околу 10 часот наутро во кумановското село Лојане шесте државјани на ирак биле нападнати од неколку лица државјани на Пакистан кои престојувале во селото, а кои претходно им се заканувале и од нив одзеле 1000 до 2000 евра од секое лице поединечно.
Секторот за внатрешни работи Куманово презема мерки за расчистување на случајот.