Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ за 2015 година ги избра добитниците на наградата.
Loading...
Станува забори за Сузана Тунева Пауновска и доц.д-р Буниамин Мемеди. Тие се годинашните добитници на наградата „Мајка Тереза“ за остварување во областа на хуманоста и човечката солидарност, како и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.
Наградата, како што соопшти денеска Министерството за култура, ќе се додели на 26 август годинава во Собранието на Република Македонија.