Отворена нова страница во односите меѓу Алжир и Франција

Сподели со своите пријатели

Алжирскиот претседател Абделмаџид Тебуне и францускиот колега Емануел Макрон се договорија да отворат нова страница во билатералните односи меѓу двете земји засновани на взаемно почитување и интереси по речиси една година тензии, јавува Анадолија.

Loading...

По средбата во палатата Ел Мурадија, Тебун одржа заедничка прес-конференција со Макрон, кој дојде во главниот град на Алжир за да воспостави официјални контакти.

Тебун рече дека разговарал со Макрон за многу прашања за билатералната соработка и начините за развивање на односите меѓу двете земји на „конструктивен“ начин, надевајќи се на „охрабрувачки резултати“.

Нагласувајќи дека двете земји се договориле да отворат нова страница во односите, Макрон рече:

„Имаме сложена и болна заедничка историја. Тоа не спречи да гледаме во иднината. Одлучивме да формираме заеднички комитет кој ќе работи на архивите од колонијалната ера, во кој ќе има заеднички историчари“.

Макрон придружуван од 90-члена делегација

Во четвртокот Макрон пристигна во Алжир за прв пат по пет години, јавуваат француските медиуми.

Телевизиската мрежа Франс 24 соопшти дека посетата на Макрон ќе се фокусира на младите луѓе и иднината во северноафриканската земја и дека тој ќе се сретне со млади алжирски претприемачи пред да замине во северниот град Оран.

Макрон дојде во тридневна посета на Алжир придружуван од 90-члена делегација во која има министри, претставници на економијата и експерти од историјата на двете земји.

Loading...

Иако разликите се вкоренети во нивното заедничко минато, тензиите достигнаа ново највисоко ниво минатата година откако Макрон контроверзно го доведе во прашање претколонијалниот идентитет и постоењето на Алжир, а Франција го намали бројот на визи достапни за алжирските граѓани.

Северноафриканската земја доби независност од Франција во 1962 година по осумгодишната војна.