Општина Куманово стана сопственик на аеродромот „Аџи Тепе“

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово официјално е сопственик на спортскиот аеродром „Аџи Тепе“ откако до пред шест месеци имотот бил „ничија земја“.

Loading...

Како што истакна градоначалникот Максим Димитриевски, аеродромот не бил впишан во ниту еден документ, ниту бил во сопственост на државата, ниту на општината.

– Беше оставен на забот на времето и единствено коишто се грижеа, но неофицијално, не со документација, беа спортскиот Аероклуб Куманово на коишто сме горди, коишто постојат повеќе од 90 години, вели градоначалникот.

Општината, како што вели Димитриевски, пред половина година поднела иницијатива за впушување на објектите првин на име на државата, а потоа било упатено барање да ѝ се доделат на Општина Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски вечерва во Струмица вети: Ќе ја одбраниме Македонија со зборови, а ако треба и со дела

Од пред два месеци објектите на аеродромот се под владение и во сопственост на локалната самоуправа.

– Дополнително сега водиме постапка за впишување и на спортската писта и просторот околу спортскиот аеродром Аџитепе да се впишат на Република Македонија и дополнително поднесовме исто такво барање, истиот тој имот да ни биде ставен под надлежност на општината, појасни Димитриевски.

 

Loading...

 

Локацијата, според првиот човек на Куманово, дава многу можности, а во меѓувреме имало и заинтересирани инвеститори.

Сепак, вели Димитриевски, останува примарната намена, а тоа е спорски аеродром.

– Сепак би ја задржале примарната намена, а тоа е спортски аеродром со дополнителни можности за развој на еден карго, а зошто не и еден патнички аеродром, но тоа се сè размислувања. Постојат можности за отварање на место каде што би се обучувале спортски пилоти, зошто да не и пилоти за патничкиот авионски сообраќај, така што можностите се големи, изјави Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гласаат болните и немоќните лица во Куманово, Липково и Старо Нагоричане

Инаку аеродромот „Аџи тепе“ кој има намена спортски и воен аеродром низ годините пропаѓа.

Со скромни ресурси се грижат за него членовите на Аероклубот „Куманово“, но во него ништо не е инвестирано со децении, иако може да се смета за стратешки објект на државата.

Никола Ивановски