Оперирана првата дама на САД

Сподели со своите пријатели

Првата дама на САД Џил Бајден беше оперирана за отстранување на две канцерогени лезии на кожата, објави претседателскиот лекар.

Loading...

Двете лезии претставуваат најчест облик на рак на кожата, напиша д-р Кевин О’Конор во меморандумот, пренесе Би-Би-Си.

За време на операцијата е отстрането целото канцерогено ткиво, а на Бајден ѝ оди добро, рече д-р О’Конор.

Лекарите препорачаа отстранување на лезиите „како мерка на претпазливост“ по рутински преглед на почетокот на овој месец.

Секоја година на 3,6 милиони Американци им се дијагностицира оваа болест. Оваа форма на рак на кожа напредува бавно и се лекува со минимални оштетувања, доколку навреме се превземе третман.