Опасни апликации однапред додадени во телефоните, еве што да сторите

Сподели со своите пријатели

Нова опасност за корисниците на Андроид: Откриени се апликации кои му штетат на вашиот телефон, а однапред се инсталирани кога ќе го купите.

Loading...

Уште полошо, бришењето апликации што може да му наштетат на телефонот ќе го направи уредот бескорисен.

Зад 4 од 5 најпопуларни апликации стои една иста компанија

Malwarebytes предупредуваат за софтвер кој е штетен за вашиот телефон и веќе е на вашиот телефон кога ќе го извлечете од кутијата. Ова се две апликации.

Без согласност на корисникот

Првиот малициозен софтвер е дел од апликацијата Wireless update што треба да ја имате на вашиот телефон, бидејќи тоа е единствениот начин да го ажурирате вашиот оперативен систем Android.

Минувате премногу време на телефонот? Овие апликации го решаваат тој проблем!

Сепак, покрај оваа одлика, Wireless update може автоматски да инсталира апликации без согласност од корисникот.

Loading...

„Ние ја откривме оваа апликација како Android/PUP.Riskware.Autoins.Fota.fbcvd. Тоа е дел од нешто што се вика Adups, компанија со седиште во Кина, која е фатена како собира податоци за клиентите, создавајќи „задна врата“ на кои штетните софтвери може да навлезат во телефонот“, пишува Malwarebytes на Engware.

„Од моментот кога ќе се најавите на вашиот мобилен телефон, Wireless update започнува со автоматска инсталација на апликации. Нема согласност од корисникот да го стори тоа, но апликациите се инсталираат независно”, додадоа тие.

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Овие апликации повлекуваат пари од вашата сметка

Ова создава можност да вметне кој било софтвер без знаење на корисникот, затоа што никој не ве прашува што сакате во вашиот телефон или што не сакате.

Без вистинското решение?

Друга штетна апликација е Settings. Експертите таму открија малициозен софтвер наречен Android/Trojan.Dropper.Agent.UMX.

Ова е местото каде се појавува поголем проблем бидејќи Settings е главниот начин да ги промените сите поставки на вашиот уред, бришењето на оваа апликација ќе го направи телефонот неупотреблив.

Мобилни апликации кои секогаш ја следат вашата локација, дури и кога не ги користите

Loading...

Овој софтвер беше пронајден на телефони субвенционирани од владата на САД за сиромашните.

Советувајќи ги корисниците, тие на веб-страницата Malwarebytes рекоа дека е вредно да се избрише првата апликација (Wireless update), но дека немале вистинско решение за втората, затоа што ако Settings се избришат од телефонот, тоа ќе стане „само скап тег за хартијата“.

Leave a Reply