Околу еден час се чека за влез преку Граничниот премин Табановце утринава, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Како што посочуваат од АМСМ,интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
– Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез во државата времето на чекање е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, се вели во соопштението.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Никола Ивановски