ОК на ВМРО-ДПМНЕ: Улицата „Среќко Пужаљка“ е исполнета со кратери (видео)

Сподели со своите пријатели

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово денеска на прес конференција истакна дека улица „Среќко Пужаљка“ е во катастрофална состојба и како што велат не наликува на улица што се наоѓа во центрланото градско подрачје.

Златка Божиновска, член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека на секојдневните средби со граѓаните се запознаваат со огромен број комунални проблеми, меѓу кои и со оваа улица.

Како може локалната власт да не забележи во каква состојба се наоѓа оваа улица која поминува покрај три училишта и една градинка. Зарем трите илјади ученици од гимназијата и училиштата „Браќа Миалдиновци“ и „Крсте Мисирков“ не заслужуваат повеќе? Градоначалниче, дали сте свесен за реакциите на родителите на 150-те дечиња од блиската градинка? – прашува Божиновска.

Таа истакна дека оваа улица во програмата на градоначалникот била запишана во 2013-та година како приоритет, но прироитетите на градоначаникот како што вели Божиновска се менуваат.

Во центарот на градот гледаме само разрушени градби, раскупани фасади и раскопани улици. Кога псоелден пат сте разговарале со жителите на улицата „Среќко Пужаљка“? По се изгледа по многу години. Затоа Ве повикуваме  сега кога ја започнувате својата рпедизборна капања т.н. „Пролетна офанзива“ да поминете по оваа улица да Ве потсетат граѓаните кои се вистинските проекти.

DSC_0008

Loading...

 

Таа го повика градоначалникот да преземе итни мерки за реконструкција на улицата, а своите жалби ги истака и дел од населението.

Осум години не лаже и ништо ниту една шајка нема заковано тука. Сокачето Чупино брдо има турски канал, целата вода која што доаѓа оди тука. Не знам колку пати сум пуштал и собиирал петиции, еве перд два-три дена сопбиравме, да чуе или да пројде да види децата каде учат. Канти за ѓубре немаме па сметот го оставаме на улица, затоа што Чистота не сака да влезе во улицата, а плаќаме градска рента – истакна жител на улицата „Чупино брдо“.

Жителите заедно со ОК на ВМРО-ДПМНЕ упатија апел улиците што поскоро да бидат реконструирани.