Членовите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово на сите граѓани им го честитаат утрешниот празник, Денот на македонската револуционерна борба, а честитката ви ја пренесуваме во целост.
Денот на македонската револуционерна борба е симбол на организираната и континуирана борба на македонскиот народ за формирање на независна и самостојна држава. Формирањето на Македонскиот револуционерен комитет, од кој подоцна се создава Македонската Револуционерна Организација – ВМРО, го означува почетокот на организираното македонско револуционерно движење преку Илинден 1903, Крушевската република и Народно-ослободителната борба,за на крај преку АСНОМ и 8-ми септември 1991 се устоличи македонската државност. Нашата должност кон нашите револуционери, херои и борци, е никогаш да не го заборавиме нивниот пат,да продолжиме да ја чуваме и негуваме идејата за слободна и независна Република Македонија. Тоа е долгот кон нашите предци и обврска за нашите поколенија. Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита овој голем празник, денот кога е формирана македонската реолуционерна организација.