Заврши една од поголемите саги оваа лето. Клаудио Браво потпиша за Манчестер Сити.
Како што пренесуваат англиските медиуми Браво стигнал на аеродромот во Манчестер во 17 часот , каде ги поминал медицинските прегледи и подоцна им се приклучил на својата нова екипа.
На голот на Манчестер Сити веќе нема да биде Џо Харт кој десет години ги бранеше боите на тимот од Манчестер. Браво беше една од најголемите желби на Пеп Гуардиола без разлика што имаше двајца одлични голмани во тимот, Гуардиола инсистираше Браво да биде доведен во своите редови, и тоа се и случи.
Браво за тимот од Барселона одигра 75 пати каде пристигна од редовите на Реал Сосиедад .