„Одговорно пред пешачки премин“ – превентивна кампања на СВР Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Отсекот за превенција при СВР Куманово, заедно со униформирани полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата, денеска спроведе превентивна кампања под мотото „Одговорно пред пешачки премин“.

Кампањата е насочена кон пешаците кои неодговорно се однесуваат во сообраќајот, односно не ги користат обележаните пешачки премини и непрописно го претрчуваат коловозот.

 

 

Ваквото однесување претставува сериозен ризик за безбедноста, имајќи предвид дека пешаците често се меѓу најтешко повредените учесници во сообраќајни незгоди.

 

 

„Упатуваме апел до сите пешаци да ги почитуваат сообраќајните правила и да користат исклучиво обележани пешачки премини. Со одговорно однесување во сообраќајот можеме да спречиме сообраќајни незгоди и тешки телесни повреди кои можат да настанат како последица на непочитување на законските одредби од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“, изјави м-р Лиле Младеновска, началник на Отсекот за превенција при СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 19-годишник од Куманово, го нападнал својот татко

 

Никола Ивановски