Како што информираат од Министерството за внатрешни работи поднесени се девет кривични пријави за пет дела „тешка кражба“ и четири кражби против О.А. (20) од Гостивар.
Пријавениот, кривичните дела ги извршил во текот на минатиот месец во повеќе куќи, станови, од патничко моторно возило но и од плажи на струшкото крајбрежје при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 800.000 денари. О.А. користејќи подесен алат и физичка сила и со обивање на врати насилно влегувал во куќите. Откако ќе извршел пребарување во внатрешноста, одземал пари, златен и сребрен накит, мобилни телефони, апарати, облека и други вредни предмети.
По плажите најчесто одземал мобилни телефони но и други предмети додека во патничко моторно возило влегол со кршење на лептир стаклото од задната врата.Работејќи на реализација на тешките кражби, полициската станица од Струга оформи предмет со прецизни оперативни информации по што О.А. беше пронајден и приведен.
По добиена наредба од Основниот суд во Струга беше извршен претрес во хотелска соба во Струга каде пријавениот бил сместен и беа пронајдени дел од бесправно одземените предмети.