Обвинетите за тероризам изнајмиле четири куќи во Диво Насеље (видео)

Сподели со своите пријатели

Во откривање на целта и намерата на обвинетите за терористички напади во Куманово, се шират детали дека лицата во Дива населба почнале да влегуваат околу 7 -ми месецов, откако претходно, во првите два-три дена од месец мај се договориле за закуп на четири куќи во населбата кои се наоѓаат во еден двор.

Loading...

Дел од 30-мината приведени, при разговорите во полициска станица изјавиле дека оружјето го внесувале преку илегални премини со возила, ранци и торби. Терористите поделени во групи, според дел од приведените, имале задачи да вршат напади на разни објекти, цивилни и државни цели, полициски станици. Според исказите на еден од приведените една од целите била и Камениот мост во Скопје, а нападите требале да започнат од средината на овој месец.

Дел од приведените терористи се лица припадници и поранешни команданти на ОВК, лица кои учествувале во активности против територијалниот интегритет на Република Македонија, биле вклучени во паравоени структури кои се залагаат за Голема Албанија, а биле дел и од нападот на караулата во Гошинце.

На полицијата и се предадоа тројца од лидери на оваа група.

Мухамед Красниќи – командант Малишева роден 4.10.1971 во Косово

Дел од ОВК, командант на 113 бригада, вклучен во обиди за создавање паравоени структури за Илирида. Инволвиран во недозволена трговија со дрога и оружје, организирање криминал и еден од осомничените за нападот во Гошинце. Уапсен во униформа.

Сами Укшини – командант Соколи роден 10.10.1967 во Косово

Поранешен командант на УЧК и заменик командант на 113 бригада, член на илегални организации во бараат создавање на Голема Албанија, член на паравоени и терористички групи кои имаат иста цел. Близок соработник на Мирсад Ндрецај алијас командант НАТО. Еден од осомничените за нападот во Гошинце. Уапсен во униформа.Screenshot_196

Loading...

Деме Шеху – Јунику роден 18.4.1980 во Косово

Припадник на ОВК, член на единицата „Скендер бег“. Близок соработник и логистичар на терористичката група елиминирана во Бродец во 2007 при акцијата „Планинска бура“. Познат по насилства, изнуди, соработник на командант НАТО и еден од осомничените за нападот во Гошинце. Уапсен во униформа.

Сефа Генци – роден 18.4.1973 албански државјанин кој живее во Урошевац, Косово

Се води како лице со завршена воена академија во Тирана, со чин капетан. Експерт за минско експлозивни средства, инструктор на воената академија на косовските безбедносни сили. Активен член на паравоени формации од 2002 година и вклучен во албанските национални движења за Илирида. Уапсен во униформа.

Ардијан Бујари – роден 16.12.1975 во Косово

Поранешен припадник на ОВК во единицата на командат Соколи. Дел од терористичката група од Кондово во 2004 и Бродец во 2007. Имал блиска врска со Лирим Јакупи алијас Нацист со кого воделе групи на дрога и оружје. Еден од осомничените за нападот во Гошинце. Уапсен во униформа.26-427x654

Ваљдет Закај – роден 9.7.1978

Има висока улога во Бали Комбетар, како и обиди за формирање паравоени вооружени групи.

Loading...

Насуф Бекири -роден 20.2.1988 Брест

Пријавуван за разбојништва, логистичар на Лирим Јакупи – Нацист. Познат по учество во трансфер на лица и стоки. Има индиции дека учествувал во нападот во Гошинце. Уапсен во униформа.

Лирим Демири – роден 15.4.1992 од Лукаре, липковско

Пријавуван за насилен криминал, разбојништва, тешки кражби со провалување. Еден од осомничените за нападот во Гошинце. Уапсен во униформа

Приведени се и Сефер Сефери (1959) и неговиот брат Фитор Сефери (1970) од Куманово кои се познати по учеството во паравоени структури и ОВК од Косово.

Неџбедин Лика – роден 11.8.1978 од Тетово

Припадник на ОНА , се барал и за убиство од 2004.

Руфкит Угани  – роден 24.12.1987 од Качаник Скопје приведен во униформа

Loading...

Меѓу приведените е и еден од сопствениците на куќите во кои биле сместени терористите, кој според непотврдени информации, пукал кон безбедносни сили на Македонија.

 


Leave a Reply