Новогодишен концерт на оперскиот пејач Дарко Тодоровски во Куманово

Сподели со своите пријатели

Младиот оперски пејач Дарко Тодоровски вечерва во Занаетчискиот дом во Куманово ќе одржи новогодишен концерт.

Loading...

Настанот е во рамки на новогодишната програма што ја организираат Фондацијата за култура и Општина Куманово.

Кумановци ќе имаат можност да ги слушнат најголемите новогодишни и божиќни хитови од американските пејачи Френк Синатра, Елвис Присли, Дин Мартин и други. Концертот почнува во 19 часот.

– Нумерите коишто ќе ги изведам се отпеани од великаните на 40-тите, 50-тите и 60-тите години, кои со својата музика поставиле значителни стандарди во американскиот џез и техниката на пеење. Тој стил на пеење по природа ми е близок и како образован оперски пејач, нивната техника ми е лесна и удобна за изведба, изјави Тодоровски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колкава беше излезноста во Старо Нагоричане до 18:30 часот?

Тој работи на својот прв албум. Тодоровски покрај оперското пеење и пијаното, како комплетен музичар, ги негува и уметноста и техниката на поп пеењето.

– На албумот ќе се најдат неколку авторски песни. Работам на музика и креирам нешто, кое ќе биде прифатливо за различни генерации. Се надевам една пријатна мешавина на ретро, евергрин и модерно. Веќе неколку песни се комплетно готови и наскоро ќе бидат пуштени во етер, вели Тодоровски.

Младиот оперски пејач најавува концерти и во државава и во светот во идната 2023 година.

МИА

Loading...