Новиот претседател на Аргентина сака да ги прекине односите со Кина. Пекинг: Тоа е голема грешка

Сподели со своите пријатели

Министерството за надворешни работи на Кина предупреди дека аргентинската дипломатија ќе направи „сериозна грешка“ доколку ги прекине врските со големите земји како Кина или Бразил.

Loading...

Кина е важен трговски партнер за Аргентина, чија избрана влада придава големо значење на односите со Кина, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг на редовната прес-конференција.

Аргентина вчера го избра Хавиер Мајли за нов претседател на државата.

Десничарскиот слободар ги критикуваше Кина и Бразил и рече дека нема да се занимава со „комунистите“, додека се залагаше за поцврсти врски со САД.

Руската новинска агенција РИА Новости ја објави изјавата на Дијана Мондино, економист од која се очекува да стане министер за надворешни работи под администрацијата на Мајли, дека нејзината земја нема да се приклучи на групата БРИКС.

Аргентина беше меѓу шесте земји кои добија покана да се приклучат на БРИКС, блокот составен од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.

Мондино изјави за РИА „Новости“ дека Аргентина „ќе престане да комуницира“ со владите на Кина и Бразил на прашањето дали Аргентина ќе го поттикне извозот и увозот со тие земји.

„Двете страни имаат силна економска комплементарност и огромен потенцијал за соработка“, одговори Мао на прашањето за коментар од аргентинскиот економист.

Loading...

„Кина е подготвена да продолжи да работи заедно со Аргентина за промовирање на стабилноста и долгорочниот развој на билатералните односи“, додаде Минг.