Како што јавува Министерството за внатрешни работи, во текот на последните 24 часа, на ПТЦ Гевгелија, издадени се потврди на вкупно 3.062 странски државјани, и тоа на 1.931 државјанин на Сирија, Авганистан–664 и Ирак-467.
Во изминатото деноноќие, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера, информираат од МВР.
Почнувајќи од први до 14 јануари, издадени се потврди на вкупно 27.180 странски државјани, од кои 11.409 се од машки пол, 5.850 се од женски, 9834 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 87 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-12.772, Авганистан – 9.342 и Ирак – 5.063.
Loading...