НОВА ЕСКАЛАЦИЈА: Пакистан го гаѓаше Иран (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пакистан изврши серија „високо координирани“ воени напади во иранската провинција Систан и Белучистан, соопшти пакистанското Министерство за надворешни работи.

Loading...

Пакистанското Министерство за надворешни работи соопшти дека „голем број терористи се убиени за време на операција базирана на разузнавање“.

 

 

Висок разузнавач за Ројтерс изјавил дека Пакистан извршил напади на иранска територија, чија цел биле милитанти од Балучистан, два дена откако Иран извршил напади на пакистанска територија.

Иранските медиуми јавуваат дека неколку проектили погодиле село во провинцијата Систан-Балучистан, при што загинале три жени и четири деца.

Иран во вторникот соопшти дека цели на милитантните бази во Пакистан поврзани со Израел.

Loading...

Пакистан соопшти дека во нападот биле погодени цивили, а две деца биле убиени, предупредувајќи дека ќе има последици за кои Техеран ќе одговара.