Нов предлог закон: Клуч на угостителските објекти во 23 часот

Сподели со своите пријатели

Според измените на Законот за угостителска дејност, за да профункционира еден угостителски објект во станбена зграда, сопственикот ќе мора да обезбеди согласност од најмалку 51% од станарите и од општината во која се наоѓа локалот.

Loading...

Ова се само дел од предлозите за новиот Закон за угостителство со кој се предлага и да се намали работното време за еден час.

Измените на законот за угостителска дејност што ги предлага Министерството за внатрешни работи вчера беа поставени на јавна дебата во Совет на Град Скопје на која учествуваа и претставници од МВР, министерството за економија, единиците на локалната самоуправа, угостители и на заедници на станари.

Според измените, кафулињата сметстени во станбени објекти во работните денови ќе работат еден час помалку, односно до 23 часот освен за викенд и празници, додека оние објекти кои се вон станбени објекти, ќе останат со исто работно време.

Сопствениците на кафулињата во станбени згради, освен што ќе мора да ги затворат објектите во 23 часот, се предлага да добијат согласнот од 51 насто од станарите, да обезбедат согласност за сообраќајна безбедност и согласност за јавен ред и мир. Тука не изостануваат и лиценците за работа уредени од министерот за економија.

Новиот предлог закон доаѓа по се` позачестените поплаки од граѓани до МВР за нарушување на јавниот ред и мир по пропишаното законско време за дозволена бучава.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *