Њујорк Тајмс: Воздушна снимка од Буча покажува убиство на велосипедист

Сподели со своите пријатели

На видеото се гледа како цивилен велосипедист е убиен од руски војници во Буча, Украина, објави Њујорк Тајмс.

Loading...

Снимен е во Буча за време на руската окупација на тоа киевско предградие, пишува весникот.

 

Првиот човек на американската армија: Расте можноста за значаен меѓународен конфликт

 

Испукани неколку рафали

Воздушна снимка покажува човек на велосипед како вози по улица. Потоа се спушта да оди зад аголот покрај велосипедот.

Во негова насока биле испукани неколку рафали од оклопни возила. После тоа, на местото на настанот се забележува прашина и чад.

Loading...

Снимката, снимена кон крајот на февруари, била направена од украинската војска и независно потврдена од Њујорк Тајмс. Телото на мажот било пронајдено на истото место откако руските сили се повлекле од областа.

 

Шанел ја ограничува продажбата на своите производи на Русите во странство

 

Украинската и американската влада ги обвинуваат руските сили

Весникот објави сателитски снимки во понеделникот на кои се гледаат телата на неколку луѓе како лежат на улица во Буча уште во средината на март, пред руските сили да се повлечат.

Од овие снимки не може да се утврди причината за нивната смрт.

Снимката од телото откриено во Буча ја налути меѓународната јавност.

Loading...

Украинската и американската влада ги обвинуваат руските сили за многу убиени во Буча.

Москва го негира ова и вели дека обвинувањата против руската армија се неосновани.