Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека Русија им се заканува на животите на луѓето низ Европа со она што таа го нарече хибридни напади.
„Европа забележа нагло зголемување на руските хибридни напади и обиди за саботажа, како и на повредите на воздушниот простор во последните недели“, изјави таа за новинарите во Брисел, според Ројтерс.
Како што додаде, руските ракети и беспилотни летала повторно го нарушија молдавскиот воздушен простор во текот на изминатиот викенд.
– И тоа е целосно неприфатливо – заклучи Калас.

