Десетици илјади луѓе се очекуваат денеска на улиците во Њу Орлеанс на парадата по повод на т.н. „Масен вторник“, со кој завршува сезоната на карневалот воочи Велигденскиот пост, но и по повод одбележва 300 години од основањето на овој пристанишен град на американската сојузна држава Луизијана.
Loading...
„Рекс“ и „Зулу“ се две најстари парадни групи во Њу Орлеанс на „Масниот вторник“ (Mardi Gras на француски“, кој таму е државен празник. Парадните групи денеска ќе се појават со огромни фигури, балони, живописни покретни платформи, пренесува АП.
Семејствата содецата се собираат долж улиците за да ја набљудуваат парадата.