Никола Мемов од ЗНАМ е нов директор на Фондот за ПИОМ

Сподели со своите пријатели

Никола Мемов е назначен за нов директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија – ПИОМ.

Loading...

Мемов е дипломиран инженер-технолог во петрохемиско инженерство на Технолошко-Металуршки факултет во Скопје.

Тој во својата работна кариера бил генерален директор на компаниите „Фабрика Карпош АД Скопје“, „Maкeдонијапроект АД“, бил извршен директор во „SIFEXS TRADE“, а во повеќе наврати бил ангажиран и на проекти од страна на министерствата за економија и правда.

Во неговото работно портфолио стои и дека бил менаџер во „ДУНА“ и „Македонски Телеком“, Никола Мемов, е именуван за директор на ПИОМ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мемов: Движењето ЗНАМ продолжува да расте, се формираат општински организации низ цела Македонија

Мемов е инаку портпарол на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, а на позицијата во ПИОН доаѓа на местото на досегашниот директор Арсим Хасани.

Никола Ивановски