Невработените лица во Куманово може да аплицираат за проектот „Инклузивна училница“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово објави јавен повик за ангажирање невработени лица во проектот „Инклузивна учичница“ во рамките на проектот за општо-корисна работа.

Loading...

Станува збор за две социо-образовни услуги, од кои една за образовна асистенција во средни училишта.

– Во рамките на овоје проект ќе бидат ангажирани 14 образовни асистенти кои на учениците со попреченост ќе им овозможат поддршка и помош за полесно совладување на наставните содржини, мотивација за учење, социјализација и вклучување на воннаставни активности, изјави Александар Крстевски, раководител на Секторот за образование, култура, спорт и социјална заштита и заштита на деца.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  За неколку дена ќе биде пуштена пругата од Куманово за Бељаковце

 

 

Овој проект ќе се реализира во средните училишта „Перо Наков“, „Киро Бурназ“ и „Наце Буѓони“, а паралелките ќе бидат и на македонски и на албански наставен јазик.

Вториот проект се однесува за лична асистенција во средно училиште, а ќе биде ангажиран еден личен асистент.

Loading...

– Асистентот треба на ученикот да му овозможи индивидуална помош и поддршка во образовната институција и тоа ќе биде во училиштето „Гоце Делчев“, додаде Крстевски.

Сите лица кои имаат статус невработено лице, а ќе аплицираат за овој проект, ќе останат со ист статус додека им трае ангажманот.

– Вкупниот месечен бруто износ за оние кои ќе влезат во проектниот тим ќе изнесува 13.750 денари со данок и осигурување. Вкупниот буџет на проектот е 1,8 милиони денари, обезбедени од Општина Куманово и Агенцијата за вработување, додаде Крстевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бункер во автомобил откриен на Табановце, запленета и разна стока

Проектните активности почнуваат од 1ви септември и ќе траат целата учебна година.

– Евидентираните невработени лица треба да припаѓаат на една од следните целни групи: долгоорчно невработени лица над 12 месеци, евидентирано во Агенцијата за вработување, други социјални групи, млади лица до 29 години, лица постари од 50 години, корисници на минимална помош, припадници на ромска заедница, самохрани родители, родители на деца со пречки во развој и родители на повеќедетни семејства. Ги повикуваме сите невработени лица ако ги исполнуваат условите да поднесат пријава во Центарот за вработување во Куманово, рече Крстевски.

Крајниот рок за пријавување е 20 август.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бункер во автомобил откриен на Табановце, запленета и разна стока