По 30 години зад решетки за злосторство што не го направил, Гордон Кордеиро од Америка конечно го виде светот надвор од затворските решетки.
Осуден во 1994 година за убиство на Хаваи, тој помина децении тврдејќи дека е невин додека судот конечно не ја поништи неговата пресуда.
Кога зачекори во слободата, емоциите беа силни, но го пречека и свет кој во меѓувреме целосно се промени.
This is the moment Gordon Cordeiro was released after spending 30 years in prison for a crime he did not commit. pic.twitter.com/qlLJcJPvv9
— Drilliam Shakespeare (@DrilliamS) February 23, 2025
Како Кордеиро беше ослободен?
Кордеиро беше осуден во 1994 година за убиство на Тимоти Блејсдел, кој беше убиен за време на грабеж поврзан со дрога на островот Мауи.
Судот го прогласи за виновен за грабеж, обид за убиство и убиство, а потоа го осуди на доживотен затвор без можност за условно ослободување.
Тој ја задржа својата невиност од самиот почеток, а неговиот случај подоцна беше преземен од проектот за невиност на Хаваи.
На неодамнешното рочиште, адвокатите на проектот презентираа докази дека претходниот адвокат на Кордеиро бил неефикасен и дека имало недолично однесување на обвинителството.
Дополнително, пред судот презентираа нови докази за ДНК – тестирањето на физичките докази од местото на злосторството покажа дека ДНК на Кордеиро не е пронајдена на телото на жртвата или на други клучни докази.
Наместо тоа, откриена е ДНК на неидентификувано лице.
По овие откритија, судијата одлучи да го ослободи Кордеиро и да ги поништи сите негови пресуди.
Првите впечатоци по ослободувањето
По повеќе од три децении во затвор, Кордеиро даде интервју за „Асошиејтед прес“, во кое откри што најмногу го изненадило по излегувањето од затвор.
„Сите ги гледаат телефоните. Јас сè уште не зјапам во него. Постојано ѕвони и добивам пораки, а тоа е поинаку“, рече тој.
Сепак, иако тоа му се чинеше како мрачен знак на времето, тој призна дека благодарение на технологијата и ДНК-тестирањето успеал да ја докаже својата невиност.
„Фала му на Бога за новото ДНК тестирање. Технологијата е неверојатна“, рече тој.
این بدبختی که اینجا روز اول آزادیش سر قبر مادرش رفته، یک آمریکایی به نام Gordon Cordeiro هست که به جرم قتل ۳۰ سال حبس کشیده و این هفته پس از آزمایش DNA فهمیدن که اشتباهی زندان بوده! بعد از آزادی تو مصاحبه ش گفته از اینکه مردم تو خیابون همش سرشون تو گوشی شون هست تعجب کرده! pic.twitter.com/eKC7mXFT8j
— ساشتی (@Sashtyani) February 25, 2025
Емотивен момент
Ко-директор на проектот за невиност на Хаваи, Кенет Лосон, го опиша ослободувањето на Кордеиро како исклучително емотивен момент.
„Тој плачеше, сите ние плачевме. Тој веруваше дека ќе биде ослободен, но кога ќе поминете низ две судења, ја губите вербата во правосудниот систем. Кога конечно го слушна судијата како вели: „Ги поништувам твоите пресуди”, тогаш сето тоа го погоди”, рекол Лосон.
Штом излегол од затворот, Кордеиро го посетил гробот на мајка си, а потоа ја прославил својата слобода со вечера со семејството.