Неделна прогноза за Куманово: Претежно топло, со сонце и дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со слаб до умерне ветер од јужен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 17 степени целзиусови.

Loading...

Ноќва се очекуваат и врнежи од дожд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Работилница за деца „Недовршена приказна“ утре во Куманово

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до засилен ветер од јужен и југозападен правец, кој на моменти ќе достигне брзина и до 40 километри на час. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 9 степени, а дневниот максимум ќе достигне 19 степени целзиусови.

И во среда ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до засилен ветер од југ и југозапад кој повторно ќе достигнува и до 40 километри на час. Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, а дневниот максимум ќе достигне 24 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Исчезнатото девојче од Куманово, по грешка завршило во Скопје

Во четврток ќе имаме претежно сонечво време со мала облачност, но релативно топло. Ќе дува слаб до засилен ветер од југ и југозапад кој ќе надминува брзина од 40 километри на час. Температурата ќе биде во интервал од минимални 12 до маскимални 24 степени целзиусови. Ноќта кон петок се очекуваат врнежи од дожд.

 

Loading...

 

Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме во петок. Ќе дува слаб до умерен ветер од запад и југозапад, а температурата ќе биде во интервал од минимални 7 до максимални 20 степени целзиусови.

Сабота исто така носи претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 7 степени, а максималната дневна ќе достигне 19 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Службеничка на МВР од Куманово се сомничи дека го оштетила буџетот за 417.000 денари

Во недела, на Велигден се очекува сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи од минимални 8 до максимални 21 степен целзиусов.

 

 

Loading...

Слично време ќе имаме и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски