Неделна прогноза за Куманово: Какво време ќе имаме на 2 Август?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност, особено во планинските подрачја каде ќе има услови за краткотраен локален дожд.

Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од северен правец (над 60 km/h), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и топло време со мала облачност.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 50 километри на час.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Советниците утре ќе ги испрашуваат Димитриевски и општинските служби

Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 33 степени целзиусови.

За подрачјето на Куманово од страна на УХМР за денеска е издадено жолто метео предупредување за силен ветер.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и до 50 километри на час. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 13 степени, додека максималната дневна ќе достигне 30 степени целзиусови.

Во среда ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, а максималната дневна ќе достигне до 33 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски на прием по повод Денот на независноста на Грција (ФОТО)

Сончево и многу топло време ќе имаме и во четврток, на првиот ден од август. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи од минимални 13 до максимални 36 степени целзиусови.

 

 

За втори август, Денот на републиката, ќе имаме пеколно топло време. Ќе дува слаб до умерен јужен и југоисточен ветер, додека температурата ќе се движи во интервал од 16 степени во утринските часови до максимални 38 во текот на денот.

И во сабота ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерено засилен северозападен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 17 степени, а дневниот максимум ќе достигне 37 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец се обидел да украде делови од паркирано возило

Претежно сончево и многу топло со мала облачност, ќе биде времето во недела. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, а температурата ќе се движи од минимални 17 до максимални 34 степени целзиусови.

 

 

Следната недела се очекуваат уште повисоки температури.

Никола Ивановски