Науката потврди: Оние кои се грижат за милениците се подобри луѓе

Сподели со своите пријатели

Според студија објавена во списанието „Медикал дејли“, постојат низа причини поради кои милениците се добри за нашето здравје, но и за развојот на добри социјални особини. Сега и науката потврди. Оние кои се грижат за кучињата и мачките се подобри луѓе.

Loading...

Доколку се грижите за кучиња и мачк, можете слободно да кажете дека сте добар човек, затоа што сега тоа го тврди и науката. Имено, според студија објавена во списанието, постојат низа причини поради кои милениците се добри за нашето здравје, но и за развојот на добри карактеристики.

Лицата, кои на пример, имаат кучиња, полесно влегуваат во комуникација со непознати луѓе. Луѓето кои воделе или водат грижа за животните изградиле врски кои ги промениле. Врските кои се создаваат меѓу животните и луѓето имаат влијание на однесувањето на луѓето и општеството. Имено, оние кои имаат или имале миленици обично се подруштвени и посочувствителни од другите, пренесува оваа списание.

Авторите на студијата утврдиле дека лицата кои се сами во одреден временски интервал зборуваат со тројца странци, додека оние кои чуваат куче за истото време разговараат со дури 65 непознати личности. Луѓето со миленици обично се посоцијализирани, а она што е поважно според мислењето на истражувачите е квалитетот на односот меѓу миленикот и сопственикот, затоа што тој однос обично се пресликува и на односот со луѓето.

– Младите кои се многу поврзани за своите миленици полесно остваруваат врски со луѓето во своите заедници, но и со партнерите, рекол еден од истржаувачите.

Студијата опфаќа 500 младиод 19 до 26 години на кои им биле поставени прашања за нивниот однос со домашните миленици. Оние кои биле особено врзани за својот миленик искажувале повеќе емпатија и самодоверба, а исто така зборувале дека цврсто се врзуваат и за луѓето.

Освен тоа, што повеќе одреден учесник се грижел за своето животно, повеќе бил и приврзан со тоа да учествува во различни социјални активности, односно да волонтира во заедницата или да им помага на семејството и пријателите.

Освен овие социјални бенефити, милениците, особено кучињата, добро можат да влијаат на нашето здравје, затоа што силните емотивни врски допринесуваат за ослободување од одредени хормони, што ни помага да се опуштиме.

Loading...

Leave a Reply