Напуштена куќа била опожарена вчера во централното градско подрачје на Куманово, информираат од полицијата.
Loading...
– На 19.03.2025 година во 10.06 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во напуштена куќа на улицата „11-ти Ноември“ во Куманово, стои во соопштението на Секторот за внатрешни работи.
Пожарот, како што додаваат од полицијата, бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема.
Увид извршила екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски